40-годишниот диносаур замина во пензија

Сабота, 22 Мај 2010 06:36 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Кратово доби донација ПП-возило

Оливер Арсовски

Британски противпожарни возила со комплетна опрема деновиве добија општините Кратово, Крива Паланка, Делчево, Радовиш и Струга. Донатор е британската асоцијација Операција Флоријан“ со седиште во Манчестер, која три години соработува со Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе. Како резултат на таа соработка Британците, вклучувајќи ги и последните пет, досега донираа вкупно 15 ПП-возила за исто толку општини во Македонија, како и две комбиња и друга противпожарна опрема.

Конвојот противпожарни возила, кој по патиштата од Англија до Македонија патуваше неколку дена, во Свети Николе го пречекаа градоначалниците и претставници на ПП-единиците од петте општини што добија. Со петте возила допатува и тим од триесетина британски професионални пожарникари, кои, како што рекоа, во следните 20 дена ќе спроведат обука за користење на возилата и на опремата.
За да дојдат во Македонија, тие зеле годишен одмор.
Возилата се половни, но, како што беше речено, тие се во одлична состојба. Произведени се меѓу
1990 и 1995 година и имаат поминато 20 до 30 илјади километри, а полни со вода и со комплетна опрема развиваат брзина од 120 километри на час.
Во Велика Британија биле уште во употреба, а воланот, како и на сите возила таму, им е од десната страна.

 

Сподели