„Аквапарк ресторан“ од Пробиштип подели велигденски подароци на децата со посебни потреби од Кратово

Петок, 06 Април 2018 09:48 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати


altВелигденските празници се денови во кои се слави љубовта кон Бога и кон луѓето. Велигден секој треба да го дочека во празнична атмосфера, со радост и исполнето срце. Воден од оваа идеја, сопственикот на „Аква парк ресторан“ од Пробиштип беше во посета на Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост во Кратово, каде поделија Велигденски пакети кои силно ги израдуваа штитениците во центарот.
„Како општествено одговорна компанија, во рамки на нашите хуманитарни активности, го посетивме Центарот за лица со посебни потреби во Кратово. Нашата цел е да ги направиме среќни штитениците во центарот, во пресрет на велигденските празници. Во таа насока, следнта недела децата од Кратово ќе бидат гости во Аква-парк ресторанот во Пробиштип и ќе имаат заеднички ручек и дружење со децата од пробиштипскиот дневен центар“, истакна Бојан Здравковски, сопственик на Аква-парк ресторан.

alt

Сподели