gogo

Oki kom baner

A+ R A-


Андоновски: Ќе се затвори старата депонија во селото Железница и ќе се отвори регионална

Е-пошта Печати PDF

Фотографија на Аберџија / Aberdzija news portal.Првиот митинг од трите закажани за денеска ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра македонија го одржаа во Кратово. На митингот прв се обрати актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден четиригодишен мандат, Мите Андоновски. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ и колацијата што и да ветат исполнуваат.

Ова е коалиција која работи, која гради, која постојано создава, ова е коалиција која се грижи за националните интереси на Република Македонија. Секаде во Македонија во изминатиот период се градеше во сите области на опшстественото живеење, така беше и во Кратово. Се изградија многу објекти, од која директна корист имаа граѓаните на Кратово, колку и тоа некој да сака да го негира, овие објекти постојат, овие проекти се реализирани и од нив директна корист имаат граѓаните на Општина Кратово, изјави Андоновски.
Во Кратово е направен нов пазар, направени се тротоари, уреден е паркинг просторот пред мостот на Кратовска река, реновинарана е кино салата, која била скоро урнисана. Тој кажа дека се реализирани сите кули, кои се привлечни за туристите, како домашни така и странски.

Го реновиравме целосно општинското основно училиште Кочо Рацин и средното општинско училиште Митко Пенџуклиски. Така што обезбедивме подобри услови за школување на нашите ученици, изјави Андоновски.

Тој кажа дека се реновирани и уште многу училишта низ општината, проект што ќе продолжи и во иднина. Тој ги спомена и големите инвестиции во спортот. Проекти кои ги спомена Андоновски се во инфраструктурата, изградба на улици и патишта.

-Ќе работиме во иднина и на решавање на проблемот со собирањето на отпадот, се планира да се затвори старата депонија во селото Железница, да се изгради нова регионална депонија во околината на Свети Николе, каде што целиот отпад од североисточниот регион ќе се носи таму, изјави Андоновски.

Тој спомена уште многу други проекти кои ќе донесат поубав живот за кратовчани. Тој кажа дека на 15-ти октомври граѓаните треба да ја поддржат коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска6908
mod_vvisit_counterВчера16938
mod_vvisit_counterОваа недела60759
mod_vvisit_counterМинатата недела52384
mod_vvisit_counterОвој месец127615
mod_vvisit_counterМинатиот месец187480
mod_vvisit_counterВкупно8739313
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.