Андоновски ветува доизградба на колекторскиот систем и асфалтирање улици и патишта

Понеделник, 02 Октомври 2017 16:35 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Проект: „Изградба на колекторски систем за речно корито на река Кратовска“

altОпис на проектот: Со овој проект кој опфаќа 6.924 жители, се предвидува да се изгради 1.843 метри колекторски цевковод, продолжение на првата фаза од веќе изградените 1.500 метри. Со ова целосно ќе се надмине проблемот на куќите од ниската зона во градот кои се под нивото на постојниот канализационен систем. Овие куќи ќе бидат вклучени во новиот колекторски цевковод. Со завршувањето на овој колекторски систем ќе се опфатат отпадните води и од веќе постојните краци и целосно ќе се реши проблемот со испуштање на отпадни води во речното корито.

Вредност: 55.000.000,00 денари

Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија

Рок: 2017 - 2021година

Во општина Кратово во тек се активности поврзани со асфалтирање на некои улици во градот и селата, но потребно е да се направи многу повеќе за да се решат сите проблеми на општината во оваа област. Нашите најважни проекти, во функција на остварување на споменатите цели во следниот четиригодишен период ќе бидат:

 

Проект: „Реконструкција на локален пат с.Каврак – брана с.Кнежево“

Опис на проектот: Реконструкцијата на регионалните и локалните патишта во општина Кратово се реализира во соработка со Република Македонија и опфаќа реконструкција и асфалтирање на локален пат с.Каврак – брана с.Кнежево, во должина од 3.421 метри, со вредност од 18,8 милиони денари, кој ќе биде завршен во првата половина на 2017 година.

Средства: 18.8 милиони денари

Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија

Рок: прва половина на 2017 година

 

 

Проект: Пробивање на пат од с.Татомир до с.Кокошиње (Св.Николе)

Средства 600.000,00 денари

Извор на средства: Влада на РМ, општина Кратово

 

Проект: Пробивање на пат од с.Крилатица до средна маало-Куковска маала)

Средства: 600.000,00 денари

Извор на средства: Влада на РМ, општина Кратово

 

Проект: Пробивање на пат од с.Тополовиќ до маало Качарци

Средства: 400.000,00 денари

Извор на средства: Влада на РМ, општина Кратово

 

 

Проект: Изградба на селска улица во с.Сакулица )Радевска маала

Средства: 5.000.000

Извор на средства: Влада на РМ, Општина Кратово

 

Проект: Изградба на пат од с.Близанци до с.Добрево

Средства: 10.000.000,00 денари

Извор на средства: Влада на РМ, Општина Кратово

 

Проект: Асфалтирање на улици во град Кратово (Мусала, Вршник, Кочо Рацин, Цигански лозја, Млачки пат)

Средства: 7.000.000,00 денари

Извор на средства: Општина Кратово

Рок на релизација: 2017-2019 година

 

Проект: Реконструкција на ул,,Вера Јоциќ,,

Средства: 12.000.000,00 денари

Извор на средства: Општина Кратово

Рок на реализација: 2017-2019

 

 

Проект: Изградба на пристапна патека до Ман. Св.Илија-с.Филиповци

Средства: 1.500.000,00 денари

Извор на средства: Биро за регионален развој

Рок на реализација: 2017-2019

 

Проект: Изградба на селска улица маало Јашковци с.Филиповци

Средства: 2.000.000,00 денари

Извор на средства: Влада на РМ. Општина Кратово

Рок на реализација: 2017-2019

 

Проект: Армирано бетонски мост на на Злетовска река

Средства: 13.775.225,00 денари

 

Извор на средства: Влада на РМ. Општина Кратово

Рок на реализација: 2017-2019

 

Проект: Изградба на пат с.Луково-Злетовска река Кратово

Средства: 48.894.360,00 денари

Извор на средства: Влада на РМ. Општина Кратово

Рок на реализација: 2017-2021

Сподели