gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


АПЕЛ: Да помогнеме на Биле Пешевска да го отстрани катетерот од градниот кош

Е-пошта Печати PDF

altПо 18-месечна битка со подмолната болест, денес десетгодишната Билјана Пешевска од кратовското село Трновац повторно ја врати насмевката на лицето и весело се игра со своите другарчиња од училиштето. Иако оваа година не одеше на училиште, вредно работеше дома и заслужено ја заврши годината со многу добар успех. Всушност, Биле почесто беше на пат и во скопските клиники, каде деновиве ги заврши сите потребни терапии и последните резултати говорат дека нејзиното здравје е во добра состојба. Она што ја мачи неа, а и нејзиниот татко Даниел, е вградениот катетер во нејзиниот граден кош, кој и создава тегоби и нелагодност, а веќе нема потреба од него. За остранување на катетерот во приватната болница Систина потребни се 60.000 денари, кои семејството Пешевски ги нема, бидејќи живее од социјална помош од 2.500 денари.
-Катетерот го вградивме пред повеќе месеци, и тоа во приватната клиника Систина, затоа што на државните клиники немаа лекар кој ќе ја изведеше потребната операција. За тоа плативме 60.000 денари, пари собрани од хуманите граѓани, за што сме многу благодарни. Сега, кога дојде време да се извади катетерот, од детска клиника ни велат да одиме да го вадиме таму кај што сме го вградиле, како да ние сами сакавме да биде тоа во Систина. Проблем е што немаме 60.000 денари за потребните снимки и демонтажа на катетерот, колку што ни побараа од Систина - вели таткото Даниел.
Сите што сакаат финансиски да помогнат на Биле Пешевска, тоа можат да го сторат на денарската и девизната сметка на Даниел Пешевски во Централно-кооперативна банка.

Даниел Пешевски
Централно-кооперативна банка

Денарска с
метка 320-5000266219-22

Девизна сметка ЕУР
IBAN MK07 3205 4002 6635 209
SWIFT CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

Девизна сметка УСД
IBAN MK07 3205 1002 6635 162
SWIFT CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

http://www.aberdzija.com/gradska/trogatelnodevetgodishnata-bile-od-trnovac-boleduva-od-tumor-na-maliot-mozok-a-nema-koj-da-i-pomogne.html

http://www.aberdzija.com/zabava/apel-za-bile-otvoreni-denarski-i-devizni-smetki-za-doniranje-video.html

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска3481
mod_vvisit_counterВчера2156
mod_vvisit_counterОваа недела5637
mod_vvisit_counterМинатата недела22262
mod_vvisit_counterОвој месец57312
mod_vvisit_counterМинатиот месец216601
mod_vvisit_counterВкупно9969760
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.