Апел за помош на Видан Арсовски, кој остана без една нога, а може да ја загуби и другата

Недела, 26 Февруари 2023 14:10 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

63-годишниот кратовец Видан Арсовски се соочува со големи здравствени проблеми, откако неодамна му беше ампутирана едната нога, а поради влошување на здравјето, му се заканува да ја загуби и другата нога. Тој во јануари бил примен во Аџибадем Систина поради некроза и артериосклероза на ногата и направена му е надколенична ампутација. Но, Видан е долгогодишен дијабетичар и состојбата повторно му е влошена и доколку не се подложи на итно лекување, може да ја загуби и втората нога.
Семејството на Видан Арсовски е во незавидна финансиска состојба, без можност да ги плаќа скапите лекарства и испитувања. Во исто време, потребни им се и средства за протеза како замена за ампутираната нога, за да може колку-толку да биде подвижен.
Сите граѓани кои се во можност финансиски да помогнат во лекувањето на Видан, тоа може да го сторат на неговата трансакциска сметка.
ВИДАН АРСОВСКИ
Централно-кооперативна банка
сметка 320 - 500031336995

alt

Сподели