Асфалтиран дел од улицата „Гоце Делчев“ во Кратово (ВИДЕО)

Недела, 25 Јуни 2017 18:27 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

По реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев“ во Кратово, денес истата доби нов асфалт и беше пуштена во употреба. Од двете страни на улицата се изградија тротоари за безбедно движење на пешаците, а улицата и понатаму останува со еднонасочен режим на движење на возилата.
Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, информираше дка средствата се обезбедени со грант од Европската унија во висина од 260.000 евра, како дел од проектот за подобрување на општинските услуги.
-Овој проект се состои од три потпроекти, и тоа уредување на паркинг простор, кој заврши пред неколку недели, изградба на локален пат во село Железница и асфалтирање на улицата „Гоце Делчев“ во центарот на Кратово. Од овој проект очекувам полза да имаат сите жители на Општината – истакна градоначалникот на Кратово.
Покрај локалниот пат во село Железница, деновиве ќе биде асфалтиран и патот кој води до праисториската опсерватрија Цоцев Камен.
Оливер Арсовски

alt

Сподели