Асфалтиран патот до манастирот „Св.Илија“ во кратовско Филиповци

Петок, 21 Јули 2017 12:16 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altЗавршен е проектот  „Изградба на пешачка патека од регионален пат до манастир „Св.Илија“ во село Филиповци, информираат од општина Кратово. Комплетно е завршено асфалтирањето на патот во должина од 288 метри.

– Патот е околу 300 метри, со широчина од 3,5 метри и со банкини од двете страни од по 0,5 метри, во целост – 4,5 метри широчина на планумот. Со асфалтирањето на овој пат се овозможи подобрување на патната – сообраќајна комуникација во населеното место, подобрени се и условите за максимална безбедност на пешаците и посетителите на манастирот Св. Илија во село Филиповци, изјави градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски.

Изведувањето на градежните работи на патот се одвивало во неколку фази: геодетски работи, обележување и расчистување на трасата, земјени работи, изработка на насипи, обработка на подтлото и други градежни работи.

Средствата за изградба на овој пат се обезбедени од општината и од Биро за регионален развој.

Сподели