Беснеат пожари во кратовско, изгореа делови од Татомир и Живалево, се бараат доброволци за гасење

Понеделник, 02 Август 2021 19:00 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt
Неколку села во кратовско попладнево се под огнена опсада. Пожарите беснеат во кратовските села Татомир и Живалево. Според наши информации, во Татомир има голема штета, изгореле неколку куќи, штали, плевни и опожарена е голема површина, но сепак ширењето на огнот е запрено. Во вечерните часови огромни проблеми прави пожарот кој од Живалево се шири кон Железница, кон населбата Диви Тополи. Зафатена е огромна површина, изгорени се повеќе објекти, но за среќа нема човечки жртви. Пожарникарите работат со сите расположиви средства и сили, но засега битката е далеку од добиена. Градоначалникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев, на својот ФБ профил побара да се пријават доброволци кои ноќеска ќе заминат на терен и активно ќе се вклучат во гаснење на огнената стихија.

Сподели