gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Благодатниот оган во сабота на полноќ ќе ги осветли срцата на верниците во Кратово

Е-пошта Печати PDF

Македонската православна црква – Охридска архиепископија годинава за првпат за Велигден официјално ќе го добие Благодатниот оган преку Бугарската православна црква. Благодатниот оган ќе ги осветли срцата на верниците и во Кратово, и тоа во сабота вечер, во храмот „Св.Никола“, кога боговерниот народ со радост ќе ја дочека веста за Христовото воскресение.

Резултат со слика за благодатен оган

Благодатниот оган од Ерусалим на аеродромот во Софија ќе му биде предаден на македонскиот владика Иларион кој ќе биде испратен лично од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Веднаш потоа владиката Брегалнички Иларион со хеликоптер ќе замине за Скопје од каде Благодатниот оган ќе биде разнесен до сите православни храмови во Македонија.

Благодатниот оган годинава во Софија од Ерусалим ќе го донесе бугарскиот митрополит Антониј, што според најавите, директно ќе биде пренесувано од медиумите и социјалните мрежи во Бугарија.

Митрополитот Антониј треба да слета на софискиот аеродром на 7 април, Велика сабота, во 19:30 часот по бугарско време, по што Благодатниот оган ќе биде пренесен до сите храмови во Бугарија, а преку владиката Иларион и до сите православни светилишта во Македонија.

Благодатниот оган се пали на чудесен начин секоја година на Велика сабота на гробот на Исус Христос во Ерусалим. Благодатниот оган се смета за чудо во православието, бидејќи се пали единствено во рацете на ерусалимскиот патријарх и во првите моменти не зрачи топлина и не предизвикува изгореници.

Инаку ова не е прв пат Благодатниот оган да доаѓа во Македонија. Изминативе неколку години него го Македонија го носеа монасите од Бигорскиот манастир, преку претставници на грчката црква.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1215
mod_vvisit_counterВчера354
mod_vvisit_counterОваа недела3592
mod_vvisit_counterМинатата недела23946
mod_vvisit_counterОвој месец62617
mod_vvisit_counterМинатиот месец167020
mod_vvisit_counterВкупно10258527
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.