Бутикот „My Way“ во Радишани пример за компанија со општествена одговорност

Понеделник, 12 Октомври 2020 20:46 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Во овие тешки времиња за бизнисот, предизвикани од коронакризата, потегот на бутикот „My Way“ лоциран во трговскиот центар во Радишани е светол пример кој треба да го следат сите компании. Сопствениците на бутикот Сашо и Сашка Георгиевски, како општествено одговорна компанија, одлучија оваа недела да подарат 10 кошули од својата богата колекција на производи, на социјално загрозени семејства. Ова е навистина хуман потег кој треба да го следат и многу поголемите и помоќни фирми, потег со кој ќе им се помогне на најранливите семејства полесно да ја пребродат кризата.

alt

Сподели