Човекот со добра душа, Џани, бара помош од добрите луѓе

Сабота, 31 Јули 2021 13:06 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Нема човек во Кратово и околината кој не го познава Џани. Малкумина знаат дека вистинското име на овој човек со питома и добра душа е Северџан. Рeдовен декор е на чаршијата, во исчекување некој да го повикa да исцепи дрва, да товари шут, да пренесе песок. Чесно и достоинствено си ја заработува дневницата во денови кога некој ќе се сети на него. Но, такви денови има се помалку. Се поретки се деновите кога Џани ќе заработи 200, 300 или 500 денари. Го сретнав деновиве на улица, не се срамеше да побара помош.
-Бескуќник сум, немам свој кров над главата. Постојано сум потстанар по роднини, ама ме бркаат. Среќен сум што ќе се разбудам жив и здрав, но вознемирен каде ќе ја преспијам ноќта. Не барам ништо повеќе, само малку помош, за да изградам едно мало сопче кое ќе го наречам мој дом и ќе живеам среќно во него. Ги замолувам добрите луѓе да ми помогнат, кој може финансиски да ми помогне, а кој не може, да ми помогне со градежен материјал. Ќе бидам вечно благодарен на луѓето што ќе ми помогнат - вели со насолзени очи Џани, нагласувајќи дека досега добил само еднократна помош од Општината во висина од 9.000 денари.
alt

 

Сподели