gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Да помогнеме неподвижна мајка повторно да се грижи за своите синови Ефтим и Христијан

Е-пошта Печати PDF

altПетгодишниот Ефтим заедно со неговиот помал брат, 3-годишниот Христијан, веќе една година растат без да сметаат на помошта од нивната мајка Ирена Танчева, поради нејзината неподвижност настаната како последица од катастрофалната сообраќајна несреќа што се случила утрото на 27 април минатата година, кога ги носела во градинка.

Семејството Танчеви живее во нивниот дом во струмичкото село Самоилово. Трагедијата се случила на регионалниот пат помеѓу струмичкото село Самоилово и општината Ново Село, каде што Христијан и Ефтим секојдневно одат во градинка. Додека Ирена го управувала своето возило, во кое биле и двете малолетни деца, несовесен возач ѝ го пресекол патот, по што настанала сообраќајката во која, за среќа, Христијан и Ефтим поминале само со гребаници.

Подебелиот крај од несреќата го извлекла Ирена, која веднаш била пренесена во болница, но поради голема повреда на белодробните крила, не можеле веднаш да ѝ го оперираат вратниот дел, што предизвикало таа да остане неподвижна. Подоцна на Ирена ѝ е извршен оперативен зафат на петтиот и шестиот вратен прешлен, но нејзините нозе останале парализирани.

Ирена била префрлена на КАРИЛ каде што одлежала 40 дена од кои првите 25 по несреќата била во кома и не се сеќава на ништо.

„Ги замолувам сите хумани луѓе да донираат за пак да застанам на нозе, за моите деца повторно да се радуваат, сакам да бидат среќни како и другите“, вели Танчева.

altПостои можност Ирена повторно да застане на своите нозе и да се врати во нормален живот, но за тоа се потребни 90 илјади евра за операција и понатамошен третман, кој би се одвивал во 3 фази, од кои секоја чини по 30 илјади евра. Доколку се собере оваа сума, оперативниот зафат и рехабилитацијата ќе се спроведат во руската болница „Неуровита“. Лекарите од Москва велат дека доколку сè се одвива по планот, големи се шансите Ирена повторно да прооди. Но, доколку не се собере потребната сума, Танчеви ќе мора да платат 10 отсто од целокупната парична вредност на планираниот рехабилитациски процес.

Сопругот на Ирена, Марјан Танчев, е невработен. Тој во име на целото семејство им благодари на хуманите граѓани кои до сега имаат донирано за операција на неговата сопруга, но испраќа молба и до Фондот на Република Македонија да им помогне во реализирање на целта.

Броеви за донации
Телеком 143 115
ВИП-ОНЕ 143 500

Денарска жиро сметка -320500027414994

Девизна сметка IBAN MK07 -320540027415089
SWIFT CODE: CECBMK22
CENTRALNA COOPERATIVNA BANKA AD SKOPJE

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1194
mod_vvisit_counterВчера354
mod_vvisit_counterОваа недела3571
mod_vvisit_counterМинатата недела23946
mod_vvisit_counterОвој месец62596
mod_vvisit_counterМинатиот месец167020
mod_vvisit_counterВкупно10258506
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.