gogo

A+ R A-


Демант на „Земсил“: Николовски срамните лаги нека ги докаже пред судот

Е-пошта Печати PDF

http://galagov.tv/wp-content/uploads/2015/08/catalog_info_3_42.jpgВо демантот на Министерството за земјоделство за информациите кои денеска ги објави дополнителниот-заменик во ова министерство, Љупчо Николовски се обвинува за недостаток на идеи за подобрување на состојбите во земјоделството и манипулатор кој изнесува неосновани обвинувања, а се со цел добивање ситни политички поени.

– Имено, во обид да обвини за наводни незаконски исплати субвенции на фирмата „ЗЕМСИЛ“, Николовски со одлуката на Комисијата од 15.јануари оваа година, дека фирмата е должник, ја оспорува исплатата на субвенции за 2014 година. Сакаме да ја информираме јавноста дека на „ЗЕМСИЛ“, како земјоделско стопанство кое се занимава со земјоделство, нормално дека му следуваат субвенции и поволности кои ги овозможува Владата, па и користење на средствата од Јапонскиот фонд. „ЗЕМСИЛ“ за 2014 година редовно ги има исплатено сите рати за купената механизација, така што тука нема никакви злоупотреби, се вeли во демантот од Министерството.

Оттаму велат злоупотреби немало и во наредниот период, бидејќи во 2015 година беа направени измени во Законот за земјоделство и рурален развој, со кои се дозволува компензација на неплатени долгови на земјоделските стопанства према МЗШВ, каде што влегуваат и неплатените долгови од јапонската помош.

– Тоа значи дека доколку „ЗЕМСИЛ“ не ги платил ратите за лани, истите ќе му бидат компензирани (наплатени) од субвенциите за 2015 година и тоа со законска затезна камата. Со таа компензација ќе биде исплатен целиот долг од Јапонската помош, потенцираат од Министерството.

Компанијата Земсил ги демантира лагите на дополнителниот заменик министер на земјоделие. Од фирмата велат дека лагите Николовски ќе мора да ги докаже пред судот. Еве го демантот на „Земсил“ во интегрална верзија.

Љупчо Николовски, таканаречениот  Заменик министер за Земјоделие, денеска изнесе еден куп на лаги, манипулации и невистини поврзани со работењето на Земсил, затоа сакаме јавноста да ја запознаеме со вистината:

1. Земсил е една од стотиците земјоделски фирми во Македонија која што како и сите останати соработува со Министерството за Земјоделие на начин и форма кои се пропишани во Законите на Република Македонија. Се поставува прашање зошто Земсил не треба да добива субвенции како и сите останати компании во Македонија, ако се земе во предвид дека оваа фирма се бави исклучиво со Земјоделска дејност и тоа во период од 40 години, првин како дел од комбинатот Силекс, а подоцна и самостојно.

2. Најголемата лага на Николовски е дека Земсил добива Субвенции а должи пари на Министерството за Земјоделие затоа што кога Земсил добил субвенции согласно закон во 2015 не должел ниту еден единствен денар на Министерството за Земјоделие, ниту на фондот.

3. Прегледот на кој се повикува Николовски е изработен заклучно со 15.01.2016 година или поточно во Јануари оваа година, долгот кој се споменува во него се однесува за 2015 година, и овој долг Земсил има обврска да го плати до Јуни 2016 година. Секаде во светот па дури и во Македонија сега е месец Мај, значи Земсил има повеќе од месец дена за да го плати долгот кој произлегува од 2015 година.

4. Николовски многу добро знае но свесно лаже, дека е невозможно да се исплатат субвенции на било која фирма, па и на Земсил, ако истата должи пари кон Министерството за земјоделие или фондот, и дека ако има таков случај првин се врши компензација или поточно пребивање на обврските, а подоцна се врши исплата на остатокот од средствата.

Љупчо Николовски досега неколку пати го спомена Земсил, срамно лажејќи, манипулирајки и навредувајки ја компанијата Земсил и раководните лица, ние досега не реагиравме бидејќи добро го познаваме Николовски и неговите сомнителни морални вредности. Но овој пат одлучивме да демантираме и ја известуваме јавноста дека ќе покренеме судска постапка против Николовски пред надлежните судови.



Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.