ФОТО: Апел до кратовци да ги остават автомобилите и да го избегнат сообраќајниот хаос

Понеделник, 28 Ноември 2016 14:56 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Во Кратово неколку месеци интензивно се гради. Нов модерен паркинг-простор, нов зелен пазар, дигитализација на водоводната мрежа со нови дигитални водомери. Сите овие активности предизвикаа сообраќаен хаос во градот, бидејќи местата каде кратовци вообичаено паркираа, сега се недостапни за паркирање. Ова ќе трае уште 2-3 месеци, кога инфраструктурните проекти треба да финишираат. А дотогаш, кој како знае нека се снаоѓа!!!

alt

фото - Никола Гиразовски

Сподели