Грабеж на банкарско комбе на ЦКБ

Четврток, 11 Март 2010 17:18 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Грабеж на комбе со пари на Силекс банка, крадците во бегство

Групата која вчера се обиде да украде поголема сума на пари од комбе на Централна кооперативна банка (поранешна Силекс банка) се уште е во бегство. Се уште е непозната и сумата на пари што разбојниците вчера не успеа да ја украдат. Од Министерството за внатрешни работи велат дека се чека на банката да соопшти. Но, од банката велат дека засега додека трае истрагата нема да даваат информации околу вчерашниот случај.

Полицијата се уште трага по групата разбојници кои вчера околу 14,30 часот го украдоа комбето “пежо“ на скопската банка попречувајќи им го патот.

Според информациите од полицијата, разбојништвото било извршено така што едно возило на разбојниците удрило во “пежо“-то, а друго го попречило патот кон Крива Паланка. Потоа двајца од разбојниците, излегле од возилото и ги нападнале возачот М.А. (41) и сопатникот кој бил задолжен за обезбедување Н.Б. (44). Откако ги извадиле од возилото, разбојниците го зеле “пежо“- то и избегале едните кон Скопје, а другите во правец на Крива Паланка.

Но, брзата интервенција на полицијата ги спречи ограбувачите да избегаат со пленот. Најверојатно во паника да не бидат фатени го напуштиле банкарското возило во близина на селото Речица на патот кон Крива Паланка, подоцна е најдено и едно од возилата “фиат уно“ кое го користеле разбојниците.

Две возилата марка “фиат уно“ кои ги користеле  разбојниците најверојатно се украдени, како и велешките регистарски таблички кои ги ставиле на возилата.

Од Министерството за внатрешни работи велат возилата се дадени на вештачење и истрагата за случајот е во тек.

Сподели