Хуманитарна акција во Кратово

Среда, 03 Март 2010 20:48 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

 

Да ја покажеме сите својата хумана страна

пишува: Славица Јаковска

Локалниот младински клуб “М И К “Кратово, спроведува хуманитарна акција за собирање на стара облека , собирање на облека која не ја употребувате и истата ќе биде наменета за ранливата категорија на луѓе кои што имаат потреба од неа.

Доколку имате облека која не ја употребувате, облека која не ја користите, донирајте ја, бидејќи таа може да усреќи голем број на семејства. Секоја помош е добредојдена и едно подарено парче облека може да усреќи и да даде светол зрак во нечиј живот. Да помогнеме сите заедно, бидејќи заедно сме посилни.Да ја покажеме сите својата хумана страна и да покажеме како ние знаеме и сакаме да помагаме на тие што им потребна помош.Уште еднаш да докажеме дека иако е ова мал град , хуманоста што лежи во срцата на кратовчани е голема.

Облеката може да ја доставите во просториите на ЗГ„Регионален Центар за Одржлив Развој во Кратово, во периодот од 2 - 22 Март 2010 година, од 08:00 – 17:00 часот.Информации може да добивате секој ден на следниот телфонски број 031- 481- 542.

БИДИ ХУМАН ! ПОМОГНИ И ТИ !

 

Сподели