И годинава телевизор за фаќачот на крстот на Водици

Петок, 15 Јануари 2016 10:53 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://republika.mk/wp-content/uploads/2013/01/Vodici-Krstenie-Hristovo.jpgВе известуваме по повод големиот христијански празник „Богојавление“ – Водици, на ден 19.01.2016 година (вторник), во 11 часот на градскиот базен во Кратово ќе се изврши голем Богојавленски водосвет – фрлање на православниот крст под покровителство на Градоначалникот на општина Кратово.

За најсреќниот граѓанин кој ќе го фати крстот следува награда – телевизор.

Општина Кратово Ве поканува да бидете дел од овој традиционален верски настан и заеднички да го прославиме овој убав ден со топол чај и ракија.

Сподели