gogo

A+ R A-


Интервју со Младен Мицевски, професорот кој дипломираше со просек 10 на УГД

Е-пошта Печати PDF

Младен Мицевски, студент на Факултетот за туризам и бизнис-логистика при УГД, неодамна доби пофалница од Универзитетот како студент со најголем просек. На патрониот празник на УГД, на свеченото доделување на дипломите, Младен беше поздравен од проректорот за настава како студент со просек 10.
altМладен во текот на своето студирање беше еден од најактивните студенти, посети безброј настани од областа на туризмот и хотелиерството, освои награди заедно со своите колеги, а беше и меѓу главните организатори на меѓународни конференции и семинари. Благодарение на Факултетот за туризам и бизнис-логистика, тој посети голем број европски држави и се стекна со меѓународно искуство. Каков бил тој пат, дознајте од интервјуто со Младен Мицевски.
Студент со просек 10. Тешко ли беше да се стигне до овој просек во текот на твоите студии?

Јас не би го употребил зборот тешко за да го опишам постигнатиот просек затоа што кога учите и совладувате нешто што ве интересира и инспирира да навлегувате подлабоко, тоа ви причинува големо задоволство. Иако верувам дека низ сите одговори ова ќе преовладува, мора уште на почеток да споменам дека поврзувањето на теоријата со практиката беше една од најпресудните работи што придонесоа за, условно кажано, полесно одржување на просекот. Безусловно е точно дека посветеноста, редовното совладување на материјалот, редовното извршување на зададените обврски беа постулатот на овој процес. Но, големо влијание имаа и дополнителните истражувања, меѓународните соработки, посети, конференции, конгреси, веќе споменатите практични престои итн. Кога сите овие работи ќе се комбинираат, иако изискуваа многу посветено време, повторно доаѓам до тврдењето дека не можам да го искористам зборот тешко.

Комплетното интервју може да го прочитате на следниот линк
https://www.fakulteti.mk/news/18-04-03/mladen_micevski_eden_od_najdobrite_studenti_na_ugd_znaenjeto_koe_go_steknav_vekje_im_go_prenesuvam_na_uchenici.aspx

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.