gogo

A+ R A-


ИЗМАМА НА ВЕКОТ: Матурантите од Кратово им платиле на штипски трубачи и останале со прстот в уста!!!

Е-пошта Печати PDF

Измамници постоеле откако постои и човештвото, но се чини, оваа последната што ги снајде утринава матурантите во Кратово, ги надмина сите граници. По прекрасната матурска вечер во хотелот „Кратис“, утринава околу 6.30 на плоштадот во Кратово пристигнала група трубачи од Штип, кои однапре биле договорени да им свират во холот на кратовската гимназија од 7.45 до 8.45. Откако матурантите им ги предале на рака договорените 3.500 денари, во 7.30 тргнале кон кратовската гимназија. За неколку минути матурантите стигнале во гимназијата „Митко Пенџуклиски“ и чекале десеттина минути, но штипскиот плех-оркестар никаде го немало. Почнале да вртат телефони на музикантите, но тие не одговарале на повиците. Чекале речиси цел час, по што станало очигледно дека се измамени и нерасположени си заминале во своите домови. Се уште не знаеме дали измамата ја пријавиле во полиција или ќе им простат на музикантите од Штип.
-фотографијата е илустративна, се работи за друг плех-оркестар...

Фотографија на Плоштад „Павел Шатев“ - Кратово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.