gogo

A+ R A-


Израелски туристи го посетија Кратово трагајќи по корените (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF

Кратово има туристичка приказна која може да им ја понуди на гостите од Израел. Надгробна плоча со еврејско писмо, стогодишната куќа која во минатото била синагога во која се исповедувала јудејската вера, старите еврејски гробишта во селото Вак’в, сведочат дека Евреите оставиле траен белег во овој град. Според кажувањата на старите кратовци, во Кратово пред стотина година живееле поголем број еврејски семејства, кои подоцна се иселиле главно во Виена, Берлин и Париз.
Нивните потомци, трагајќи по родните огништа на своите предци, викендов беа во посета на Кратово. Триесеттина Израелци слушнаа легенди за животот на Евреите во Кратово, дегустираа к’цана сол и стара кратовска ракија и вино и уживаа во прекрасната архитектура.
-Многу сум импресионирана од земјата, од местата и луѓето што ги сретнав. Кратово е прекрасно место со богат фолклор и архитектура. Многу сум среќна од ова патување и повторно ќе се вратам овде – вели Тери, израелка која живее во САД.
Последниве две-три години Кратово станува се помасовна туристичка дестинација. Туристите се многу честа глетка на улиците на градот, а со подобрување на инфраструктурата, пред се изградба на паркинг-простор и сместувачки капацитети, се очекува уште поголем прилив на гости.   О.А.

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.