Ја загуби најважната битка, почина малиот ангел Давид Стојановски

Четврток, 22 Март 2018 13:55 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt

Пред нешто повеќе од година и половина, момчето од Кратово со волшебна насмевка ја крена македонската јавност на нозе. Веста за подмолната болест која го нападна тогаш 12-годишниот Давид се прошири со брзина на светлината. Со бројни донации од сите страни на светот, се собраа средства за итна операција на ногата и спасување на животот на детето што сакаше да биде фудбалер. Виенскиот лекар д-р Коц на најпрофесионален начин ја ампутираше ногата на Давид и му вгради протеза за да може да се движи. Но, подмолната болест своите одвратни пипки ги пушти до неговите бели дробови, па битката за живот на младото момче продолжи. По низа хемотерапии, зрачења, патувања до Виена и Скопје, сите се надевавме дека Давид ќе застане на нозе и дека ќе ја победи подмолната болест.
За жал, денес стигна кобната вест. Давид ја загуби најважната битка. Замина меѓу ангелите. Прерано и маченички.

 

http://www.aberdzija.com/gradska/junachishte-ima-da-izdrzhish-zhivot-za-david-stojanovski-video.html

 

http://www.aberdzija.com/gradska/misijata-uspeshna-david-stojanovski-zaminuva-na-operacija-vo-viena-video.html

Сподели