gogo

A+ R A-


Како средношколците од Кратово го доживеаја Истанбул - белешки од екскурзијата

Е-пошта Печати PDF

altпишува - Теодора Манева, ученик во трета година во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово
Истанбул претставува најпосакувана европска дестинација. Тој е еден од најголемите градови во светот со население од 14.657.434 жители, град со многу имиња кој се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски (Анадолија). Бидејќи сите немаат можност да отидат во овој магичен град, еве јас би сакала да ви раскажам како ние всушност се одлучивме да одиме таму на екскурзија. Најпрвин имаше мали несогласувања за дестинацијата Истанбул, а исто така имаше понуди и за други градови. Кога нашите класни раководители ни ги кажаа местата кои ќе ги посетиме, немаше ученик кој не остана без зборови. Така во среда тргнавме од автобуската станица во Кратово во 15:30 часот. Ја поминавме македонската граница без проблем, а исто така и бугарската. Имавме ноќно патување преку Бугарија, поминавме низ Дупница, Софија и имавме попатна пауза во Плодвив за да се одмориме и да бидеме подготвени да ги изминеме останатите километри.

altВториот ден на 24.05.2018 пристигнавме во Истанбул во раните утрински часови и се сместивме во хотелот Хамидие. Потоа пристигна и нашиот водич од Бугарија, Садретин. Најпрвин имавме панорамска обиколка на Истанбул и застанавме кратко на плоштадот Таксим за кратка прошетка и фотографирање. Потоа се упативме кон дворецот Долмабахче, направивме групна фотографија под Босфорот и продолживме со прошетка во историскиот центар Султанахмед. Ги разгледавме знаменитостите на хиподром, ја посетивме Сината џамија, исто така имавме групна фотографија пред црквата Св.Софија и Топкапи палатата. Потоа имавме слободно време за индивидуална прошетка од центарот Султанахмед до хотелот со попатна посета на Капали чаршија. Приквечер се вративме во хотелот каде имавме вечера и ноќевање.

altТретиот ден на 25.05.2018 најпрвин имавме појадок, а потоа групно се упативме со брод по Босфор со локалниот водич Тарик. Оваа прошетка ни овозможи да уживаме во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Потоа бродот се упати кон Азискиот брег и ги видовме прекрасните вили каде се снимаат повеќето од турските серии. Исто така ја посетивме и највисоката зграда во Европа - Сафир, висока 236 метри. Се искачивме до последниот кат каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатната авантура се надополни со SkyRide - 4D зачудувачка симулација на лет со хеликоптер над Истанбул. Потоа се упативме кон разновидниот аквариум Florya каде видовме најразновидни морски животни и имавме можност да видиме поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Се вративме во хотелот и повторно имавме вечера и ноќевање.

Четвртиот ден на 26.05.2018 имавме најпрвин појадок. Потоа се одјавивме од хотелот и по пат го видовме стадионот на Бешикташ. Се упативме кон Едрене каде имавме слободно време за индивидуална прошетка низ центарот и време за шопинг, а потоа со попатни паузи се упативме кон Македонија.

Преполни со емоции и позитивна енергија, на 27.05.2018 пристигнавме на автобуската станица во Кратово во доцните вечерни часови.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.