Кинескиот амбасадор се сретна со кратовскиот градоначалник Николовски

Четврток, 11 Август 2022 17:01 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Денеска Градоначалникот на општина Кратово Тодорче Николовски оствари работна средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Северна Македонија, господинот Џанг Суо.
На состанокот беа реафирмирани повеќегодишните пријателски односи помеѓу Народна Република Кина и Општина Кратово, презентирани потенцијалите на општината а истовремено беа направени и заложби за унапредување на конкретната соработка во сите сфери каде постои заемен интерес.
Општина Кратово е една од неколкуте општини кои имаат потпишано официјална спогодба за збратимување со општина од НР Кина.
Двете страни изразија особено задоволство од долгогодишната соработка која се негува и надеж за поголема соработка во иднина, воедно договорена е и посета на Општина Кратово на претставници од компании од НР Кина и најавена конкретна парична помош од Кинеската амбасада за подршка на теми од областа на културата, туризмот и образованието.
alt
Сподели