Конференција „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“

Среда, 01 Јуни 2022 17:27 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt

„Фото: Ванчо Џамбаски,CC BY-NC-SA 2.0.

На ден31мај 2022 во Скопје,се одржа конференцијата„Справување со дезинформации во
Република Северна Македонија“организирана од страна на Фондацијата Метаморфозис, а
посветена на градење мулти-секторски пристап за решавање напроблемот со дезинформации
прекузаедничкиангажманнадржавнитеинституции,независнитемедиуми,граѓанските
организации, академската заедница и приватниот сектор.
Конференцијата ја отвори претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски,
којизјави:„Филтрирањетона личните и спротивните мислења придонесуваат за вкоренување на
одредени предрасуди и вредности со што се зголемува недовербата и се продлабочуваат
поделбите во општеството“.Пендаровски во својот говордодаде декадезинформациите имаат цел
да создадат страв, а и најголемиот проблем кој го предизвикуваат дезинформациите е сè почестата
појава на сомнежи во мислењето на науката и експертското знаење што ја доведува во прашање
објективната вистина на глобално ниво.
Во своето воведно видеообраќање премерот на Република Северна Македонија Димитар
Ковачевски сезаложи дека Владата, а и тој лично, сите препораки од конференцијата ќе ги сметаат
како суштински придонес во создавањето на мултисекторскипристап за соодветен одговор на
заканите и последиците што ги предизвикуваат дезинформациите.
Свои воведни обраќања имаа иВукашин Петровиќ, раководител на програмата Фонд за пристап до
информации, ДТ Институт, Фани Каранфилова Пановска, извршна директорка на Фондација
ОтвореноопштествоМакедонијаиБардилЈашари,извршендиректорнаФондацијата
„Метаморфозис“.
Настанотсе состоеше оддве работни сесии. На прватасесија говорниците ги претставија и
дискутираа за резултатите од тековнитеистражувања за состојбите со целподобро разбирање на
контекстот.Говорници во првата сесија беаКатарина Синадиновска, претседател на УО, Совет за
етика во медиумитеСЕММ,Ѓорѓи Митревски, истражувач,Андреја Стојковски, извршен директор
Преспа институт,Росана Алексоска,менаџерка на проектот „Борба против лажни наративи“,
ГраѓанскаасоцијацијаМОСТ,асесијатајамодерирашеФилипСтојановски,Директорза
партнерство и развој на ресурсинаФондација„Метаморфозис“.
Говорницитена втората сесија-Maрјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и
за регионални иницијативи при Владата на РСМ,Драган Секуловски, извршен директор, Здружение
на новинарите на МакедонијаЗНМ,Михајло Лахтов, директор на Проектот на УСАИД за
медиумска писменост „Младите размислуваат“, ЏабирДерала, претседател на ЦИВИЛ,дискутираа

за препоракитеинареднитечекори на различните општествени чинителисо цел заедничко
спротивставувањенаштетнитевлијанијанасоченипротивразвојотнадемократијатаи
интегративните процеси.Сесијата ја модерираше ЕлидаЗилбеари, уредничка на „Порталб“.
Конференцијата обезбеди платформа за дискусијамеѓучинителите кои работат на развој на
демократијата преку борба против дезинформациите и унапредување на слободата на изразување,
овозможувајќи нивно вмрежување и споделување искуства.
Учесниците се согласија дека постои потреба од широка општествена акција преку која сите
засегнати страни во рамките на своите надлежности и компетенции, ќе може да даде придонес во
решавањетонапредизвицитепредизвиканиодстранскитеантидемократскивлијанија,
спроведувањето на реформите кои се дел од процесот на интеграција во Европската Унија, како и
недоразбирањата кои спречувале заедничка активност меѓу чинителите од земјата.
Како еден од првите чекори кон креирање таков пристап, претставникот на Владата на РСМ Марјан
Забрчанец ја посочи иницијативата за креирање на Национална стратегија за справување со
дезинформации, која произлезе од консултативниот процес кој доведе до конференцијата.
Извршниот директор наЗНМДраган Секуловски дополнителн истакна дека градењето јавни
политики во оваа сфера треба да продолжи преку инклузивен процес заснован на широка јавна
дебата преку која ќе се надминат различните видови предизвици.

Снимка од конференцијата е достапна на Фејсбук-страната на „Метаморфозис“:
https://www.facebook.com/metamorphosis.foundation/videos/1076663742933938

alt

„Фото: Ванчо Џамбаски,CC BY-NC-SA 2.0.

Сподели