Кратовчанец паднал во „Устран дол“, па починал од добиените повреди

Четврток, 29 Јуни 2017 13:51 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt

Полициската станица во Кратово вчера утрината од Центарот за известување и командување Скопје, добила известување дека во Ургентен центар Скопје во текот на ноќта  бил донесен Ѓорѓи Манев (57) од Кратово, кој починал од здобиени повреди.

-Имено, Г.М. паднал и се здобил со повреди на 26.06.2017 година во 15.30 часот на место викано „Устран Дол“ во близина на Кратово. Откако починал бил пренесен на Институтот за судска медицина на обдукција, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели