Кратовчанка нападната и ограбена во Скопје, подоцна и го вратиле накитот

Четврток, 01 Октомври 2020 12:36 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Полицијата успеала да открие и да приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

alt

–На 22 септември, во периодот од 10.30 до 11.00 часот на автобуска постојка на улицата 11 Октомври во Скопје, Ј.П(67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот и биле одземени две златни ланчиња. По преземени мерки од страна на полициски службеници сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени ланчињат, се наведува во информацијата на МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

alt
Сподели