Кратовци одбележаа 72 години од смртта на великанот Павел Шатев

Понеделник, 30 Јануари 2023 17:17 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altДелегација на Општина Кратово и поголем број кратовци, поддржувачи на ликот и делото на својот сограѓанин Павел Шатев, пригодно оддадоа достојна почит и положија свежо цвеќе на спомен бистата пред Основен суд во Кратово.

На панахидата по повод 72 година од смртта на Шатев, пред присутните претставници од општинската администрација, јавни и образовни установи, советници од Совет на општина Кратово, претставници од политички партии, граѓани, ученици, зборуваше историчарот Миле Марковски.

Павел Шатев е роден во Кратово во 15 јуни 1882 година (140 години од неговото раѓање). Основното училиште го завршува во родниот град, а потоа се запишува во прогимназијата во Скопје. Со решеноста за саможртва во името на возвишените идеали Павел Шатев и останатите гемиџии себеси се поставија на почесното место во македонскиот пантенон на патриоти борци за слобода.

Во 1949 година Павел Шатев бил уапсен како потенцијален државен непријател. Подоцна тој бил малтретиран и измачуван, а по ослободувањето на Македонија, Шатев трагично го заврши својот живот на 69 години во домашен притвор во тешки услови. Погребан е на 30 јануари 1951 година на Светонеделските гробишта во Битола.

Сподели