Кратовецот Виктор Доневски од јануари нов извршен директор на ФК Вардар???

Четврток, 02 Ноември 2017 17:16 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

https://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/03/viktor1.jpgКратовецот Виктор Доневски ќе биде новиот извршен директор на фудбалскиот клуб Вардар, дознава спортскиот портал Екипа. Тој на новата функција најверојатно ќе стапи кон крајот на годината, а доаѓа на местото на Самоил Симев.

Виктор Доневски е поранешен генерален извршен директор на Медиа принт Македонија во периодот кога нејзин сопственик беше „Орка Холдинг“ на бизнисменот Орце Камчев, а беше и главен маркетинг директор во телекомуникациската компанија ОНЕ – Телеком Словенија груп.

Според информациите на ЕКИПА, Доневски од јануари 2018 година се очекува да ја преземе функцијата извршен директор на ФК Вардар. Сето ова, според толкувањата на дел од домашната спортска јавност, е само најава и на други промени во раководните структури на ФК Вардар, но и останатите проекти кои се под раководството на Русинот Сергеј Самсоненко.

Сподели