Кратово го одбележа денот на ослободувањето

Вторник, 06 Септември 2022 19:15 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Во чест на Тошо Куковски, Јове Гичев, Митко Пенџуклиски кои се дел од имињата на борците кои загинале во далечната 1944 година за слобода на Македонија, денес 6-ти Септември во Кратово беше положено свежо цвеќе пред нивните бисти и на Спомен Костурницата од претставници на општина Кратово, советници, претставници поддржувачи на Сојуз на борци и останати делегации.
Во рамки на програмата за одбележување на празникот, на денот кога кратовчани слават 78 години од ослободувањето на градот следуваше историски час за 6-ти Септември 1944 година, денот на ослободувањето на Кратово и читање на творби на ученици од ООУ „Кочо Рацин“ Кратово.
alt
Сподели