Кратово развива манастирски туризам, отворени конаци во Каврак

Недела, 16 Октомври 2016 19:50 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Верскиот туризам станува значајна гранка на алтернативниот туризам во Кратово. Се поголем број верници, домашни но и странски, ги посетуваат црквите „Свети Јован“, „Свети Никола“ и „Свети Ѓорѓи Кратовски“, а расте интересот кај туристите и за манастирите во околината на Кратово.

Локалната самоуправа и градоначалникот Мте Андоновски интензивно работат на развојот на манастирскиот туризам, па така деновиве беа пуштени во употреба конаците во манастирот „Света Петка“ во планинското село Каврак. Овој манастир последниве години привлекува се повеќе гости, а отсега ќе може да понуди и престој и преспивање за верниците.

Конаците се изградени со донација од Холандската амбасада, Швајцарската агенција за развој и средства од општината Кратово. Голем придонес во изградбата на конаците имаат и жените од Социјалистичката партија, кои обезбедија неколку днации од хумани граѓани.

alt

Сподели