Кратово се „пржи“ на 38 степени

Сабота, 31 Јули 2021 11:53 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Речиси цела измината недела, но и престојните денови, метеоролошката карта над Кратово покажува дека температурите на воздухот во градот ќе се искачат на енормно високи температури, околу 38 степени. Прогнозите велат дека температурите минимално ќе се намалат во втората половина од наредната недела, иако нема значително заладување на повидок. Кратовци одамна не паметат толку екстремно високи температури, поради кои во градот едвај може да се дише. Зоран Стојановски, лицето задолжено за мерење на температурата во меторолошката станица во Кратово, не информираше дека деновиве температурите во Кратово се движеа од 36 до 38 степени, а нема да биде изненадување деновиве да достигне и 40 степени.38 Celsius Gift – Gift that speaks by itself

Сподели