Кратовски гимназијалци освоија прва награда на новинарскиот конкурс „Изрази се преку медиумите“

Четврток, 10 Мај 2018 17:28 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altВисоката школа за новинарство и за односи со јавноста, во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ ги додели наградите за најдобрите средношколски медиумски производи добиени на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ на темата „Би сакал/а во мојата општина да…“.
Првата награда ја освоија група ученици од трета година од СОУ „Митко Пенџуклиски“ - Кратово за фотосторија на тема „Сакаме Кратово да биде град на млади луѓе“. Учениците Мери Паунова, Теодора Манева, Викторија Трифуновска, Даниел Смиљков, Влатко Марковски и Нела Георгиевска, под менторство на професорот Оливер Арсовски, преку низа фотографии на кои се прикажани баби како копнеат по своите чеда и внуци во туѓина, ја доловија на автентичен начин демографската катастрофа со која се соочуваат повеќе градови на Истокот, меѓу кои и Кратово. Од наградените ученици од Кратово, три ќе учествуваат на летниот камп за медиумска писменост кој ќе се одржи од 11 до 13 јуни во Штип.
Втората награда му припадна на Стефан Митиќ од гимназијата „Орце Николов“ од Скопје, додека третата награда ја доби Берат Ахметај од ЕТУЦ „Михајло Пупин“ од Скопје. Исто така, беа избрани уште десет најкреативни медиумски производи, чии автори ќе учествуваат на летниот камп за медиумска писменост што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе го организира во јуни во Штип. Идејата на конкурсот беше да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат. На конкурсот се пријавија педесетина ученици од цела Македонија. Конкурсот е дел од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост“, поддржан од Европската Унија.alt

alt

alt

Сподели