КРА­ТОВ­ЦИ СО СТРАВ ЈА ПОМИНУВААТ МАНЦЕВА РЕКА

Сабота, 03 Април 2010 10:28 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Се урна дел од Аргулички мост

пишува - Оливер Арсовски

Мос­тот на Манцева Река во Кратово, познат како Аргулички мост, се рас­па­ѓа и секој момент може да се урне. Граѓаните на Кратово што жи­ве­ат во Бабакарино маало и се принудени секојдневно да го користат, се жалат дека нивните животи се доведени во опасност бидејќи целата ка­ме­на конструкција е напукната на повеќе места и прашање на време е кога целосно ќе се урне. Последниот инцидент се случил пред не­кол­ку дена кога се урнале неколку метри камења од мостот и паднале во ре­ка­та.
"Мос­тот е катастрофа и итно мора нешто да се преземе. Општината не­ма право да интервенира бидејќи мостот е стар повеќе од 100 години и е под заштита на државата како споменик на културата. Пред неколку де­на беа од Управата за заштита на културното наследство, нешто сни­маа, си заминаа, и којзнае кога ќе се вратат", велат жителите на Ба­ба­ка­ри­на маало.
Нај­го­ле­мо­то оштетување мостот го претрпе пред десетина години кога, по­ра­ди реконструкција на Радин мост, сообраќајот беше пренасочен пре­ку Аргулички мост, кој не е проектиран за сообраќај на товарни во­зи­ла.

 

Сподели