Креативна работилница во недела, поканети се сите дечиња од Кратово и околината

Петок, 13 Април 2018 17:00 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Диносауруси

ЗАБАВНИ КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ

   alt  Во недела, 15 aприл, во Кратово, започнуваме со првата од низата креативни работилници, овозможени и поддржани од граѓанската организација Буден Театар во рамки на проектот “Триаголници на соработка”. Настанот ке се одржи во просториите на Музејот на град Кратово од 12 до 13 часот. Работилницата е наменета за дечиња од 7 до 10 годишна возраст и е од забавно-едукативен карактер.

Дечињата ке имаат можност да изработуваат диносауруси од хартија, да учествуваат во правење вулкан, во симулација на вулканска ерупција и што е најважно да се забавуваат.

Работилниците се бесплатни за посетителите. Реализатори на првите три работилници се Сања, Тамара и Хрисанта.

Пријавување за учество на тел: 071-348-897, лице за контакт Сања Кузманова, или на mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Ке ве молиме пријавувањето да се изврши најдоцна до сабота 14 април за да го знаеме точниот број на посетители. Проектот е подржан и финансиран од Швајцарска Амбасада Скопје

Сподели