gogo

A+ R A-


Кривична за поштар од Страцин кој украл 1.000 денари од глувонем човек на шалтер

Е-пошта Печати PDF

СВР Куманово поднесе кривична пријава против: В.Л.(55) од Кратово, вработен во ЈП Македонски пошти-РЕ Кратово-Поштенска единица Страцин поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. По добиена пријава дека во јуни 2015 година шалтерскиот работник од Поштенска единица Страцин, на оштетениот Р.Ц.(72) од с.Страцин, кој е неписмен, глуво-немо и со нарушено ментално здравје, при исплата на парични средства му исплатил 1.000 денари помалку од впишаниот износ во налозите за исплата-образец ПП 40, од страна на полициските службеници од СВР Куманово се превземени оперативно-тактички мерки заради докажување на пријавеното кривично дело.

поштар-1-На 16.07.2015 година, кога оштетениот отишол во Поштенската единица Страцин да ги подигне паричните средства кои му се исплаќаат за неговите две керки кои се со нарушено ментално здвавје, пријавениот му исплатил 1.000 денари помалку од впишаниот износ во Налозите за исплата. Откако оштетениот излегол од поштата од страна на полициските службеници е извршен увид во исплатените парични средства и впишаниот износ во налозите, по што во содејство со Управителот на ЈП Македонски пошти-РЕ Кратово извршена е контрола на пријавениот и под неговото бирото е пронајдена една банкнота од 1.000 денари.

извор - билтен на МВР

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.