Лекарот Љупчо Бојаџиев ќе го предизвика Мите Андоновски во трката за градоначалник на Кратово

Сабота, 16 Септември 2017 11:28 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Актуелниот градоначалник на Кратово, Мите Андоновски, повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Кратово од редовите на СПМ, а подржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Единствениот противкандидат ќе го има во лекарот Љупчо Бојаџиев, актуелен директор на Здравствен дом - Кратово, кој ја доби поддршката од коалицијата предводена од СДСМ. Градоначалникот Андоновски ќе се обиде да го добие својот четврти последователен мандат, додека Бојаџиев по втор пат ќе се бори за градоначалник, откако пред петнаесетина години имаше неуспешен обид.

altalt

Сподели