Магдалена Арсовска нов раководител на Центарот за вработување во Кратово

Среда, 11 Октомври 2017 15:50 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://strumicadenes.mk/media/avrm.pngМагдалена Арсовска е назначена за нов раководител на Агенција за вработување - Центар за вработување Кратово, објави Централниот регистар. Таа доаѓа на местото на Сашо Ѓеоргиевски, кој досега раководеше со Центарот за вработување во Кратово.

Освен Кратово, нови раководители добија и Центарот за вработување во Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип и Куманово. Така нов раководител на Центарот за вработување во Свети Николе е назначена Сузана Димова, која доаѓа на местото на Дејан Владев. Со Центарот за вработување во Струмица ќе раководи Ристо Ангелов, а тој доаѓа на местото на Павлина Георгиева. Со Центарот за вработување ба Штип пак, според објавата на Централниот регистар ќе раководи Катица Арсовска, која доаѓа на местото на Лазо Димчов кој досега беше раководител во овој град. Со Центарот за вработување пак во Куманово ќе раководи Марија Димитријевска која доаѓа на местото на Милорад Тренчевски.

Сподели