gogo

A+ R A-


Македонијо, гордеј се! За 15 дена собрани 90.000 евра за Давид од Кратово!!!

Е-пошта Печати PDF

altМакедонија не памети досега толкава сплотеност кога е во прашање здравјето на некој поединец. Серијата трогателни стории за детето со прекрасна насмевка, со ведар дух и борец во душа, седмоодделенецот Давид Стојановски од Кратово, предизвика лавина од донации од сите страни на планетата. Иако Давидче побара добрите луѓе да му помогнат што поскоро да замине за Виена на операција која чини 54.000 евра, малото ангелче допре до душата на обичниот човек. Ја разбуди хуманоста, предизвика силни емоции кај луѓето и акцијата резултираше со собирање на 90.000 евра до денес.
Денес и мобилниот оператор ВИП соопшти дека се собрале околу 35.000 евра, со што сумата нарасна на 90.000 евра. Во текот на денешниот ден пристигнаа нови донации од младите кратовци во Чикаго, од Далибор Јованов од Диселдорф, од екс-претседателот на ФК Силекс, Власто Савевски, од средното училиште „Митко Пенџуклиски“ и многу други добронамерни луѓе, со што бројката ќе нарасне, се надеваме, и до 100.000 евра.
Давидче, македонскиот народ ти посакува успешно лекување во Виена, и да ни се вратиш со добри вести.  Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.