Младите кратовчани веќе нема да играат баскет на бетон и асфалт

Вторник, 30 Август 2022 09:50 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Добра вест за младите од Кратово. По долги години, конечно добија одлично кошаркарско игралиште, со нови кошеви и она најбитното, квалитетна тартан подлога за избегнување на повреди при играње. Вчера е извршен технички прием на проектот преку УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, што го изведуваше фирмата „Еуро Монта“ од Струмица, а во присуство на фирмата „Диви Македонија“ од Скопје, која го вршеше надзорот.
Благодарение на УСАИД МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC за доделените финансиски средства во висина од 1.200.000,оо денари за реконструкција на кошаркарското игралиште со поставување на еластична спортска подлога – тартан, а за реализација на оваа активност учество имаше и општина Кратово односно 25% со средства од својот Буџет.
Со ова, општина Кратово доби современ простор за спорт и рекреација, особено за најмладите и учениците кои ќе имаат одлични услови за спортување и физичко образование, со што ќе ползуваат убави бенефити за сопственото здравје.
alt
Сподели