gogo

A+ R A-


МПЦ ја возобновува куќата на револуционерот Јосиф Даскалов во Кратово

Е-пошта Печати PDF

Куќата на револуционерот Јосиф Даскалов и неговиот татко, отец Димитрија, наскоро ќе блесне во полн сјај. Оваа прекрасна архитектонска градба во старото градско јадро на Кратово, иако под заштита на државата, беше целосно руинирана и пред уривање. Благодарение на владиката Јосиф, митрополитот на Кумановско – осоговската епархија, куќата на Даскалови од неодамна стана сопственост на Македонската православна црква.Покрај тое што ќе биде возобновена, уште позначајно е што значајни уметнички дела пронајдени во неа се зачувани од пропаѓање или кражби.
-Куќата беше откупена од страна на нашата Епархија и ќе биде возобновена, односно ќе биде вратен стариот сјај на куќата. Надворешно куќата ќе го задржи стариот изглед, но за жал, не може да се врати она што е загубено, а тоа е стариот интериер. Многу значајно е што успеавме да ги зачуваме двата портрета на свештеникот Захариј и на револуционерот Јосиф Даскалов. Во црквата ја чуваме и иконата на Богојавление, односно крштевање на Исус во реката Јордан, истакна отец Блаже Крстевски.
Деновиве интензивно се работи на возобновување на куќата на Даскалови. Според планот, во неа ќе има приемна соба за гости, а во иднина ќе функционира како летна резиденција на владиката Јосиф. Во малиот црковен комплекс ќе има и градина, а во план е изградба и на конаци за престој на туристи.
Градежната офанзива беше искористена за да се изгради нов потпорен ѕид и ограда на црквата „Свети Јован Претеча“, која се наоѓа веднаш до куќата на Даскалови.          Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.