gogo

Oki kom baner 1

.banner-blue-bg

A+ R A-


Нема мир за дедо Љубе од Којково, му се заканува робија за убиство на злосторниците

Е-пошта Печати PDF

http://sitel.com.mk/sites/default/files/article/teaser-images/2015/september/dedo-qube-13711.jpgМожеби македонската јавност подзаборави на херојскиот чин на дедо Љубе од кратовското село Којково, но македонскиот правосуден систем не го заборави и го покани во јануари да се појави пред судските органи. Во јануари наредната година, во Основниот суд Куманово ќе започне судската постапка против Љубомир Митев (78) кој во самоодбрана во својата куќа застрела двајца разбојници, од кои едниот го усмрти, а другиот го рани, бидејќи го малтретирале и сакале да го ограбат.

Во април 2015 година, по барање на адвокатите на Дедо Љубе, поради одредени пропусти, обвинението беше укинато и предметот се врати во истражна постапка. Дедо Љубе беше обвинет за три кривични дела: убиство во миг, убиство во обид и недозволено поседување на оружје, затоа што го убил Зоран Златков (28) и го ранил Борчо Иванов (30), откако неколку часа го измачувале и се заканиле дека ќе ги убијат него и неговата неподвижна сопруга ако не им ги даде парите.http://republika.mk/wp-content/uploads/2015/04/%D0%B4%D0%B5%D0%B4%D0%BE.jpg

alt

Разбојништвото се случи на 27 февруари 2013 година во трошната куќа на двајцата старци во планинското село Којково, кога двајцата натрапници насилно влегле во нивниот дом и почнале да се изживуваат. На дедо Љубе му ставиле најлон во уста го турнале на земја и го тепале, а потоа го врзале со јаже за столче, додека бабата ја покриле со ќебе и ја малтретирале. Потоа отишле во другата соба да ги бараат парите, тој го искористил нивното невнимание и се одврзал. Заминал во подрумот и ја земал ловечката пушка од која пукал.alt

Пред почетокот на судењето јавноста бараше ослободување на Дедо Љубе, бидејќи сметаше дека старецот бил нападнат во својот дом и во самоодбрана ги извршиле делата за што се товари.

Разбојникот Иванов кој преживеа е осуден на 8 години затвор.
извор - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-5-godini-ke-pochne-sudeneto-na-dedo-lube-koj-vo-svojata-kuka-zastrela-dvajtsa-razbojnitsi/

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1402
mod_vvisit_counterВчера4151
mod_vvisit_counterОваа недела16924
mod_vvisit_counterМинатата недела23780
mod_vvisit_counterОвој месец74848
mod_vvisit_counterМинатиот месец163232
mod_vvisit_counterВкупно9526497
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.