gogo

Oki kom baner 1

A+ R A-


Ниски плати, непочитување... Никој не сака да биде наставник во Македонија

Е-пошта Печати PDF
Поврзана слика

Малата финансиска сатисфакција, незавидната положба во која се наоѓа професорскиот и учителскиот кадар, условите за работа, притисоците од родителите и средината, се главни причини наставничката професија да биде се помалку актуелна за идните студенти.

- Учениците во самото образование, можеби повеќе во оној средношколски циклус, се помалку да речам, се заинтересирани за учителската професија, не е важно дали станува збор за првиот или вториот циклус на образование. Демотивацијата е токму поради тие услови во кои што  денес се наоѓа учителската професија- изјави  Елзабета Пандиловска, раководител на Институтот за преучилишмо  воспитание при педагошкиот факултет - Скопје. 

Оваа проблематика е тема на неколку интерни истражувања, а резулататите наскоро ќе бидат објавени. Сепак, доминира фактот дека, е потребна многу работа за учителската дејност да биде вратена на нивото од пред 20-тина години, кога учителството беше една од нај посакуваните и најценетите професии, а со самото тоа постоеше огромен интерес и желба да се студира на некој од учителските факултети.

- Денес треба да де работи на тоа поле многу повеќе-додаде Пандиловска

Во насока на афирмација на учителската професија, студентите од сите Факултети за образовни науки, на УГД имаа инспиративни говори на тема „Учителите го менуваат светот“.

- Со голем труд, енергија и љубов кон работата што ја имаме, со сите иновации кои што би ги внесувале, новите методи и игрите кои би ги воведувале, би можеле многу да постигнеме и да направиме големи промени, изјави Кристина Тодооровска, студент на Институт за педагогија при филозофскиот факултет - Скопје 

Освен за професијата, ваквите манифестации овозможуваат и самите студенти да се афирмираат како личности, кои мислат и говорат за она што во иднина ќе го работат.  Трајан Ристовски
https://sitel.com.mk/se-pomalku-idni-studenti-sakaat-da-bidat-nastavnici

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

DSCF2958

my way

Screenshot 3

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска2883
mod_vvisit_counterВчера4377
mod_vvisit_counterОваа недела17352
mod_vvisit_counterМинатата недела20513
mod_vvisit_counterОвој месец40040
mod_vvisit_counterМинатиот месец106839
mod_vvisit_counterВкупно10519446
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.