Одбележан денот на првото ослободување на Кратово

Вторник, 25 Април 2023 16:08 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
25 април е Денот на првото ослободување на Кратово (25.04.1944г). По тој повод Општина Кратово и Музеј на град Кратово во соработка со Здружение на борци - Кратово, организираше изложба посветена на историски значајна личност на македонскиот народ: Методија Андонов Ченто.
Честа да ја видиме изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“ ни ја овозможија НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп како и авторот на изложбата Кустос Советник Историчар Рубинчо Белчески.
Вечна слава на борците кои ги положиле животите за слободата на Кратово.
alt
Сподели