Одбележан патронатот на СОУ „Митко Пенџуклиски“

Петок, 17 Февруари 2023 15:16 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ синоќа одбележа 63 години од своето постоење. Пред повеќе од 200 гости се одржа богата културно-уметничка програма, со учество на повеќе талентирани ученици под водство на нивните ментори. Веќе традиционално, директорот Александар Христов додели награди и признанија за најдобра ликовна творба на ученичката Дамјана Николовска, за поетска творба на Ива Зарева и прозно дело на Мери Стаменовска. Признанија добија и учениците Мартина Јовановска и Стефан Ивановски за успеси на државни натпревари по Биологија, а беше прогласен и најдобриот клас I-1 под раководство на класниот раководител Македонка Цветкова.
alt

Сподели