Општина Кратово и УТМС договорија 15 стипендии за идните студенти од Кратово

Понеделник, 04 Април 2022 16:13 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Ректорот на Универзитетот за туризмот и менаџмент Скопје, проф. д-р Аце Миленковски и Градоначалникот на општина Кратово Тодорче Николовски во просториите на општината потпишаа Меморандум за соработка.

Со овој меморандум меѓу општина Кратово и УТМС ќе се организираат разни активности и проекти од областа на образованието и науката, со кои ќе се придонесе за подигање на квалитетот на образованието во Општина Кратово.

Оваа соработка започнува и со доделување на петнаесет стипендии за упис на додипломски студии за идни студенти од општина Кратово во академската 2022/2023 година.http://www.opstinakratovo.gov.mk/wp-content/uploads/2022/04/277425767_298186132435076_3756239180849571489_n.jpg

Сподели