Општина Кратово ќе доделува по 5.000 денари за секое новороденче

Понеделник, 27 Декември 2021 16:08 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

На денешната седница на Општина Кратово, советниците едногласно донесоа одлука за доделување еднократна парична помош на секое семејство кое ќе добие принова. Еднократната помош ќе биде во висина од 5.000 денари и ќе почне да се доделува за новороденчињата кои ќе се родат по 1 јануари 2022 година.

Ова беше предизборно ветување на градоначалникот Тодорче Николовски, кое за кус период беше реализирано.
https://babyshop.mk/content/images/thumbs/0006525_950.jpeg

Сподели