Општина Кратово ќе се збратимува со словенечкиот град Птуј

Сабота, 05 Ноември 2022 16:54 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Иницијатива за збратимување на Кратово и Птуј, Словенија произлезе од денешната посета на општина Кратово на амбасадорот на Република Словенија во земјава, Милан Предан и неговата средба со градоначалникот на Општината, Тодорче Николовски.
-На состанокот беа дискутирани традиционалните пријателски односи помеѓу двете држави исто така и досегашната соработка на локално ниво со словенската држава и организации. Имавме можност да ги презентираме потенцијалите на Општината, а истовремено беа направени и заложби за унапредување на конкретната соработка во сфери каде постои заемен интерес како културата, туризмот, животната средина и енергетска ефикасност, соопштија од Општина Кратово.
Општина Кратово иницираше збратимување со Општина Птуј од Словенија, со која има бројни заеднички карактеристики од културното наследство и архитектурата.
alt
Сподели