gogo

A+ R A-


Општина Кратово се поврзува со асфалтен пат со браната Злетовица (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF

alt

Иако сме на прагот на зимата, градежната офанзива во општина Кратово продолжува со несмален интензитет. Деновиве заврши изградбата и асфалтирањето на локалниот пат од планинското село Каврак кон село Кнежево. Овој пат треба да овозможи лесно поврзување на жителите на Кратово со хидросистемот „Злетовица“, но и враќање на животот во овие прекрасни живописни планински села во кратовско.
Патот во Каврак е со должина од 3,2 км. Средствата за овој патот беа обезбедени од Светската банка преку Јавното претпријатие за државни патишта во висина од 18 милиони денари.
Покрај овој пат, во текот на оваа година беа изградени локални патишта во селата Трновац, Туралево, Шопско Рударе и Вакав. Во тек е изградбата и на патниот правец од Коњух до Бељаковце, со што наскоро ќе дојде до поврзување на општина Кратово со општина Куманово.  Оливер Арсовски

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.