Општина Кратово со 60.000 денари ќе помогне на погодените подрачја во Турција и Сирија

Среда, 08 Февруари 2023 11:28 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
На денешната 19-та седница на советот на општина Кратово покрај другите точки од дневниот ред на предлог на градоначалникот беше разгледана и точката за одобрување на финансиска помош од буџетот на општина Кратово за погоденото население од природната непогода-земјотресите во Република Турција и Сирија.
Предлогот едногласно беше усвоен од сите советници и општина Кратово се солидаризираше со населението од овие региони и во рамки на своите можности донесе одлука да се одобри скромен износ од 60 000 денари како донација за настраданите кои средства ќе бидат уплатени на соодветна официјална донаторска сметка.
Во овие тешки и тажни моменти се молиме за населението од овие региони и посакуваме побрзо закрепнување.
Исто така упатуваме апел до граѓаните и бизнис заедницата за давање на финансиска и материјална помош за оваа намена.
alt
Сподели